Линкови за пристапност

Како се станува претседател во САД?


Како се станува претседател во САД?
Како се станува претседател во САД?

Кандидирањето за претседател е долга и скапа постапка што обично почнува со формирање на тело од страна на лицето заинтересирано да стане претседател, што ќе ги истражи шансите за постигнување на таа цел и можноста да собере пари потребни за кампањата. Процесот често започнува две години пред изборите.

Да стане претседател кандидатот мора да биде роден во САД, да има најмалку 35 години и да живеел во САД 14 години.

Кандидатите ја лансираат својата кампања во клучни држави и мора да се изборат за номинација за претседател од редовите на својата партија, обично преку кампања во раните држави каде се гласа. Ако добро поминат таму, тоа може да значи одење понатаму, наспроти откажување од натамошната кампања ако поддршката во овие држави не е доволна.

Национални партиски конвенции се одржуваат на повеќе од два месеци пред ноемвриските избори. Партиите формално номинираат свои кандидати, кој до тогаш веќе избрал лице што би било на потпретседателска функција.

По конвенциите, кандидатите се соочуваат на телевизиски дебати и водат кампања низ државата. Стотици милиони долари се трошат на рекламирање на кампањите.

Како што се приближуваат изборите, кандидатите го фокусираат вниманието на државите каде резултатите остануваат неизвесни.

На денот на изборите, Американците излегуваат на гласачките места. Според системот на изборен колеџ, победникот на народното гласање ги добива сите гласови на електоралниот колеџ во речиси секоја држава. Тој систем значи дека кандидатот може да ги добие изборите – со добивање на мнозинството на гласовите на електоралниот колеџ – без всушност да ги добие народните гласови во целата држава, како што беше случајот на изборите од 2000-та кога победи Џорџ В. Буш.

XS
SM
MD
LG