Линкови за пристапност

Преговори за ново парламентарно мнозинство


Преговори за ново парламентарно мнозинство
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

В четврток истекува уставниот рок од 10 дена што шефот на државата го има за да го додели мандатот за состав на владата на „кандидатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието“.

Но, наспроти тој факт, засега, барем јавно нема ништо од финализирање на процесот за формирање парламентарно мнозинство. Владејачките социјалдемократи, чија коалиција освои најмногу пратеници на изборите – 46, само кусо информираат дека „продолжуваат сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат“.

СДСМ води разговори за пронаоѓање на одговорни кадровски решенија кои се способни посветено и одговорно да работат на остварување на принципите кои се во интерес на граѓаните и државата
Соопштение на СДСМ

Во партиското соопштение се вели дека „СДСМ води разговори за пронаоѓање на одговорни кадровски решенија кои се способни посветено и одговорно да работат на остварување на принципите кои се во интерес на граѓаните и државата“. Ваквиот став доаѓа по официјалните информации дека СДСМ и ДУИ разговараат, и неофицијалните сознанија дека не успеваат да најдат договор за клучното барање на партијата Ахмети – премиер Албанец барем во еден дел од мандатот на идната влада.

Најавите на СДСМ дека ќе формира влада, ВМРО-ДПМНЕ порачува да се земаат со резерва.

Со резерва треба да се земаат нивните соопштенија. ВМРО-ДПМНЕ има комуникација со сите политички партии и прави напори за формирање парламентарно мнозинство.
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Со резерва треба да се земаат нивните соопштенија. ВМРО-ДПМНЕ има комуникација со сите политички партии и прави напори за формирање парламентарно мнозинство. Можам да кажам дека комуницираме со сите партии, ако се договори конкретна соработка таа ќе биде обавена во јавноста“ изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ахмети пак, повторно ја актуелизира иницијативата за средба на лидерите на албанските партии на која би се разговарало за изборите и за натамошните чекори. Овојпат претседателот на ДУИ тоа го прави преку денешниот повик до Села, Гаши, Касами и Тачи за состанок кој би се одржал на годишнината од Рамковниот договор – 13 август, четврток, токму кога истекува рокот за доделување на мандатот за составување влада. Според уставот мандатарот во рок од 20 од доделувањето на мандатот на собранието му поднесува програма и предлог-состав на идната Влада.

XS
SM
MD
LG