Линкови за пристапност

Предлог-законот за амнестија и измените на кривичниот законик се упад во судскиот систем, смета претседателот на Судски совет


Иако политичарите ги носат законите, судиите и судството трпат критики, иако немаат никаква врска со законските решенија вели судијата Лазар Нанев.
Иако политичарите ги носат законите, судиите и судството трпат критики, иако немаат никаква врска со законските решенија вели судијата Лазар Нанев.

Предлог Законот за амнестија, откако доби зелено светло на седница на Влада, деновиве, најверојатно во четврток, треба да се најде на разгледување пред пратениците во законодавниот дом. Но, тој и понатаму ја бранува јавноста. Според претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиевски, Законот за амнестија и неодамна донесените измени на Кривичниот законик се упад во судскиот систем. Според него пред да се донесе требало да се анализираат последиците од него.

Сашко Георгиевски, претседател на Судскиот совет
Сашко Георгиевски, претседател на Судскиот совет

„На некој начин се врши упад во судството со ваквите измени. Се наоѓаме во една состојба каде што судството е на удар на критики, а имаме состојба каде извршната власт донесе закони, кои автоматски се одразија, како последица на застарување на добар дел од предметите познати звучни во јавноста, а од друга страна истата оваа извршна структура реагира и бара причина зошто застареле. Остана критиката да ја носи судството,спроведувајки го законот“, вели претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиевски.

Иако политичарите ги носат законите, судиите и судството трпат критики, иако немаат никаква врска со законските решенија вели судијата Лазар Нанев.

Лазар Нанев, судија
Лазар Нанев, судија

„Истото важи и за Законот за амнестија кој треба да биде донесен. Прашањето е дали има соодветна анализа, колкав е бројот на лица кои ќе добијат амнестија и дали амнестијата како политичка одлука на отпуштање на дел од осуденичката популација ќе биде соодветна на сметка на она што ние го имаме во судството, а тоа е условниот отпуст. Ако вие на соодветен начин го користите условниот отпуст, тогаш немате потреба од носење на законот за амнестија“, рече Нанев.

Законот за амнестија е предлог на министерот за правда Кренар Лога, кадар на Алијанса на Албанците, но неговата заменичка од СДСМ, Викторија Аврамоска Мадиќ, смета дека наместо Закон за аместија, постојат други алтернативни мерки кои може да бидат применети. Најави дека пратеничката група на СДСМ, ќе предложи амандмани, со цел да се оневозможи некои затвореници да излезат на слобода, кога станува збор за предмети од јавен интерес, каков што е случајот „Монструм“.

Викторија Аврамоска Мадиќ, заменик-министерка за правда
Викторија Аврамоска Мадиќ, заменик-министерка за правда

„Постојат и други алтерантивни мерки. Немора со Закон за амнестија да се испразнат, а тоа може да биде и условен отпуст, пробацијата и тогаш мислам дека може многу повеќе да се намалат затворите, бидејки анализите на Управата за извршување на санкции покажаа дека сега станува збор за многу помал број на затвореници, кои би напуштиле со овој предлог Закон“, изјави заменик-министерката за правда, Викторија Аврамоска Мадиќ.

Законот за амнестија е предложен со цел да се намали бројот на осуденици во казнено-поправните установи. Со него се предвидува 286 затвореници кои се осудени на казна затвор до 6 месеци да бидат пуштени, а на 998 затвореници да им бидат намалени казните.На вториот глобален самит за дигитализација на правосудството во Охрид, експерти, судии, обвинители, адвокати, дебатираа за идните предизвици со кои судството во земјава се соочува, а тоа е дигитализацијата, а се со цел да се обезбеди неограничен пристап до правда, но и да се забрза постапката, преку размена на податоци и информации.

Настанот има и меѓународен карактер со учество на учесници од 32 држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG