Американскиот претседател Џо Бајден и неколку членови на семејството се упатија кон Кемп Дејвид, претседателското одморалиште во Мериленд, за Божиќ.
Бајден и членовите на семејството, вклучително и ќерката Ешли Бајден, синот Хантер Бајден и внукот Бо Бајден, ја напуштија Белата куќа во саботата.
Првата дама Џил Бајден помина дел од денот во Кентаки. Таа учествуваше на празничната прослава со локалните воени семејства и волонтери две недели откако смртоносно торнадо предизвика уништување во регионот.
„Знам дека празниците изгледаат малку поинаку оваа година, па го донесов овој специјален гостин со мене од Северниот Пол!“, им рече Бајден на присутните додека го претставуваше Дедо Мраз, според локалните вести на WKRN.
На 9 декември, силни бури го зафатија Кентаки, вклучувајќи го и Форт Кембел.
Официјални лица од базата рекоа дека 68 воени семејства се` уште се раселени, што е намалување од 354 веднаш по невремето.
По празничниот настан, Џил Бајден отпатува во Кемп Дејвид за да биде со остатокот од нејзиното семејство.
Претседателот и Џил Бајден се враќаат во Вашингтон утре, а потоа се упатуваат кон Американските Девствени Острови за да го поминат новогодишниот одмор.
Во петокот, тие ја посетија Детската национална болница за да се сретнат со малите пациенти и нивните семејства.
Поранешната прва дама Бес Труман ги започна годишните посети на детската болница во Вашингтон пред повеќе од 70 години.
Дел од информациите во текстот се од Асошиетед прес