До 40 лица биле повредени во денешната силна експлозија на улицата Диваделни во Прага. Полицијата затворила цела туристичка област во градот и извршила евакуација на објектите во неа.
Причината, според полициски извори, се` уште е непозната, иако постои сомневање дека се работи за протекување на плин. Експлозијата ги скршила стаклата на прозорците на Народниот театар во непосредна близина, а според еден извештај, можела да се слушне и до познатиот Прашки замок, на 1,5 километри далечина.
Властите наведуваат дека можеби се` уште има заглавени во зградата каде се случила експлозијата.