Во пожар во зграда во центарот на Јоханесбург, Јужна Африка, загинаа најмалку 73 лица, а 52 се повредени.
Портпаролот на службата за итни случаи Роберт Мулауџи го објави бројот на загинати на Х, порано познат како Твитер, велејќи дека напорите за пребарување и закрепнување се во тек.
Пожарот избувнал пред зори во петкатница за која Мулауџи рече дека се користи како неформална населба на бездомници.
Причината за пожарот е под истрага.
Дел од информациите се од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс