Линкови за пристапност

Прекин на електричната енергија во Вашингтон


Агенти на Тајната служба пред Белата куќа
Агенти на Тајната служба пред Белата куќа

Меѓу погодените Стејт департментот и Белата куќа; наводно, причината е експлозија на постројка

Експлозија на постројка во близина на Вашингтон наводно е причината за поголем прекин на електричната енергија во американскиот главен град. Погодени се цели реони и агенции на федералната влада, меѓу нив и Стејт департментот и Белата куќа.

До прекинот дојде во 12:45 часот попладне по американско време (18:45 часот по македонско) и се прошири на десетици локации во градот, меѓу нив и Гласот на Америка.

Електричната компанија Пепко јавува дека прекинот се` уште трае во неколку реони. Полицијата којашто го обезбедува Конгресот соопшти дека таму бил обновен дотекот на електрична енергија.

Дел од канцелариите во Вашингтон работат со помош на генератори, но музеите и дел од бизнисите беа принудени да затворат во време кога градот е полн со туристи.

Полицијата во Вашингтон врши истрага за случајот.

Според дел од медиумските извештаи, прекинот на електрична енергија делумно или целосно ги погодил Стејт департментот, Белата куќа, Одделот за правда, Конгресот и Универзитетот на Мериленд.

XS
SM
MD
LG