Линкови за пристапност

Повредени девет лица од кои четири деца при руски напад во Керсон


Картер, по руски ракетен напад врз паркинг за јавен превоз, руски напад врз Украина, во Харков, Украина, 20 декември 2023 година.
Картер, по руски ракетен напад врз паркинг за јавен превоз, руски напад врз Украина, во Харков, Украина, 20 декември 2023 година.

Војската бара да се мобилизираат уште стотици илјади луѓе, рече Зеленски.

Украинските власти денеска соопштија дека при руски воздушен напад врз јужниот град Керсон повредени се девет лица, меѓу кои и четири деца.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека руските сили ја нападнале Украина со 19 беспилотни летала, вклучувајќи ги и оние насочени кон Киев, Одеса, Керсон и шест други региони.

Војската на Украина соопшти дека уништиле 18 од 19 беспилотни летала.

Шефот на воената администрација на Киев, Серхи Попко изјави дека во Киев нема пријавно жртви, ниту штети.

Русија, исто така, истрела два проектила кон Харков во источна Украина, соопшти војската.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека војската побарала меѓу 450 000 и 500 000 Украинци за да се дополни армијата на државата додека се бори против Русија.

За време на годишната прес-конференција, Зеленски рече дека не е донесена конечна одлука за таквото барање и дека највисоките претставници на воената влада ќе разговараат за ова прашање.

„Ќе ми требаат повеќе аргументи за да го поддржам овој потег, бидејќи тоа е човечко прашање. Второ, тоа е правично прашање. Тоа е прашање поврзано со одбранбена способност. И тоа е финансиско прашање“, рече тој.

Во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги пофали силите на неговата држава за делувањето против украинската контраофанзива што започна во јуни.

„Нашите војници ја имаат иницијативата“, рече тој на вчерашниот состанокот со воените лидери. „Ние ефективно го правиме тоа што мислиме дека е потребно, го правиме тоа што сакаме да го правиме.“

Украинската контраофанзива во голема мера е запрена против вградените руски сили, со само ограничени територијални придобивки во источниот дел на земјата.

Дел од информациите се од Асошиетед прес, агенцијата Франс – прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG