Линкови за пристапност

Инвестирањето во 10-годишните девојчиња економски се исплатува


Извештајот за светското население на Обединетите нации вели дека половина од 65 милиони девојчиња на ова возраст живеат во 48 држави со најголема полова нееднаквост

На глобално ниво, постои тенденција момчињата да се фаворизирани во однос на девојчињата, особено во земјите во развој каде податоците покажуваат дека девојчињата подлежат на дискриминација и немаат пристап до образование.

Според Извештајот за светското население, повеќе од половина од вкупно 65 милиони 10-годишни девојчиња живеат во 48 земји каде секојдневно се соочуваат со родови предрасуди. Овие девојчиња за разлика од момчињата немаат пристап до образование, голем број од нив се принудени да се омажат на рана возраст, некои се експлоатирани, а во некои земји дури се обрежувани како дел од традицијата.

Рамиз Алакбаров од ОН вели дека 10 годишната возраст е клучен период кај девојчињата кои се пред самиот влез во пубертет. Тој вели дека на девојчињата во пубертет се гледа како на предмет за купување и продавање.

„За милиони девојчиња ширум светот пубертет значи почеток на доживотна сиромаштија, заробеност, немоќ и пропуштени можности. Иднината на овие девојчиња е застрашувачка затоа што немаат нормален тек на животот“, вели Алакбаров.

Тој додава дека половина од вкупниот број на 10-годишните девојчиња во светот живеат во азиско - пацифичкиот регион и во Африка. Според него државите се во загуба поради тоа што девојчињата наместо да продолжат со образование се принудени да стапат во брак и да раѓаат на прерана возраст.

„Само Индија губи 56 милиони долари потенцијални приходи на годишно ниво, како резултат на големиот број на тинејџерки кои остануваат бремени, високата стапка на девојчиња кои не продолжуваат со средно образование и невработеноста кај младите девојки...Педесет и пет отсто од вкупниот број деца без образование се од Африка. Сакам да потенцирам дека ако се прекине сето ова земјата може да развие економски приход во висина од 25 милиони долари до 2030-та година, Алакбаров “.

Според извештајот на ОН пристапот на младите девојчиња до образование ќе ги зголеми приходите на земјите во развој и тоа во висина од 21 милијарда долари секоја година.

XS
SM
MD
LG