Линкови за пристапност

ОН лансира план за подобрување на здравјето на жени и деца


ОН лансира план за подобрување на здравјето на жени и деца

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун официјално ќе го лансира планот во среда чија цел е да се спасат животи на 16 милиони жени и деца во текот на следните пет години.

Обединетите нации претставија план од 40 милијарди долари како помош за подобрување на здравјето на милиони жени и деца во светот.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун официјално ќе го лансира планот во среда чија цел е да се спасат животи на 16 милиони жени и деца во текот на следните пет години.

Ова е последниот од трите дена на самит за проценка на напредокот по осумте цели за борба против сиромаштијата поставени од ОН во 2000. Меѓу нив се вклучени намалување на екстремната сиромаштија, обезбедување универзално основно образование, запирање на пандемијата на ХИВ/СИДА и намалување на морталитетот на мајки и деца.

ОН велт дека трошење пари на здравје то на жени и деца ја намалува сиромаштијата и го стимулира економскиот развој.

Светската организација исто така вели дека 40 милијарди долари биле ветени од влади, фондации, бизнис и невладини организации.

Претседатели и премиери од 140 држави присуствуваат на тридневната средба на Милениумски развојни цели.

Американскиот претседател Барак Обама ќе се обрати на форумот во среда.

XS
SM
MD
LG