Повеќе од 800 дечиња беа дел од традиционалната бадникова поворка, која се одржа во Охрид по 11-ти пат, на ден пред големиот христијански празник Божиќ. Со ѕвезди во рацете, тие извикуваа Христос се роди, навистина се роди, со што симболично го најавија Христовото раѓање.
Бадниковата поворка е во организација на Здружението за грижа и воспитување на децата од Охрид и општината. Вакви поворки се одржуваат и во други градови низ државата.
„Вакви традиционални работи кои го подигнуваат духот на самиот народ добро е да се одржуваат и да ни останат традиција долги, долги години“, рече градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
„Успеавме да создадеме една традиција на бадниковите поворки, која покрај Охрид се прошири и во сите градови. Оваа година благодарение на децата учесници од Агенцијата за верски заедници добивме и награда за трајни вредности“, рече Летка Филипова, дел од тимот за организација на настанот.