Линкови за пристапност

Повеќе од 50 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан


Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад
Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад

Официјални лица во Пакистан за Гласот на Америка во вторникот изјавија дека бројот на загинати во неделниот самоубиствен бомбашки напад на политички митинг во северозападниот дел на земјата се искачи на 56.

Експлозијата се случи за време на работничка конвенција на религиозната политичка партија, Џамијат Улема Ислам (ЈУИ-Ф), во градот Кар во племенската област Бајаур во близина на пакистанската граница со Авганистан.

Ожалостените почнаа да одржуваат погреби во понеделникот за жртвите.

Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот преку порака во понеделникот.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш остро го осуди нападот, изјави неговиот портпарол Фархан Хак за новинарите во понеделникот.

„Генералниот секретар ги осудува сите случаи на тероризам и намерни насочени напади врз цивили и се солидаризира со владата и народот на Пакистан во борбата против ова зло“, рече Хак.

Советот за безбедност на ОН го нарече бомбардирањето „гнасно и кукавички“ и изрази сочувство до семејствата на жртвите и до пакистанската влада.

„Членовите на Советот за безбедност ја истакнаа потребата да се повикаат на одговорност сторителите, организаторите, финансиерите и спонзорите на овие осудливи акти на тероризам и да се изведат пред лицето на правдата“, се вели во соопштението на Советот.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс – прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG