Најмалку 39 лица загинаа по пожар што избувна утринава во мексикански имиграциски притвор на границата со САД.
Пожарот избувнал во центарот управуван од Националниот институт за миграција во Сиудад Хуарез, веднаш наспроти Ел Пасо, Тексас.
На фотографиите од местото на настанот се гледа паркингот на објектот обложен со неколку тела покриени со ќебиња.
Официјални лица на институтот велат дека 29 лица се повредени во пожарот. Најмалку 68 мажи од Централна и Јужна Америка биле сместени во објектот во Сиудад Хуарез, кој е главен премин за мигранти или баратели на азил кои сакаат да влезат во Соединетите држави.
Причината за пожарот е под истрага.
Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, Ројтерс, агенцијата Франс прес.