Линкови за пристапност

Повеќе од 20 месеци на фронтот: Репортажа со Украинска антитенковска единица


Ukrainian tank crews take part in a military drill not far from the front line in the Bakhmut direction, in the Donetsk region, on December 15, 2023, amid the Russian invasion of Ukraine.
Ukrainian tank crews take part in a military drill not far from the front line in the Bakhmut direction, in the Donetsk region, on December 15, 2023, amid the Russian invasion of Ukraine.

Сите тенкови се слични - не ни е важно за каков тенк се работи. Ако ги забележиме, ги уништуваме. Руските тенкови немаат заштита од нашата против-тенковска заседа, велат припадниците на украинската 80-та јуришна бригада. Репортажа на Ана Костутшенко.

Пред Русија да ја нападне Украина, овој 39-годишен војник од градот Днипро, професионално пеел во бендот наречен Мистер Исус. Бил и дрводелец. Тој доброволно се приклучи на вооружените сили на Украина во летото 2022 година и брзо ги усовршил против-тенковските вештини.

Претпочита да не го користи своето вистинско име и наместо тоа да се ословува според неговиот воен прекар - Фишек.

„Знам дека никој не сака да загине и не е роден да војува, но јас ги научив брзо вештините. Тоа е единствениот начин, бидејќи нема време на фронтот“, вели Фишек.

Украински војници во битка против руски тенковски единици
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

За разлика од Фишек, 23-годишниот војник со прекар, Клиф е во вооружените сили од 2021-ва, кога потпиша да го заштити Донбас од сепаратистите, поддржани од Русија.

Но, тој беше испратен на југот на Украина, а по ослободувањето на областа, се врати во Донбас како дел од 80-та воздушно - јуришна бригада.

„Сите тенкови се слични - не ни е важно за каков тенк се работи. Ако ги забележиме, ги уништуваме! Руските тенкови немаат заштита од нашата против-тенковска заседа“, објаснува Клиф.

Мојот роденден е на 15 јули. Тој ден бев во три мисии врз различни мети. Ги погодивме сите
Перегрин

24-годишниот војник го користи името Перегрин. Ова е втора година на фронтот, како го штити Донбас. На неговиот роденден бил дел од борбите во селото Клишчивка.

„Мојот роденден е на 15 јули. Тој ден бев во три мисии врз различни мети. Ги погодивме сите“, вели Перегрин.

Секоја противтенковска ракетна единица се состои од само два до пет војници. Тие стрелаат од околу 5000 метри. Оваа бригада се бори на фронтот повеќе од 20 месеци.

Фишек вели дека имаат намера да продолжат.

„Ние сме Украинци, а не Руси, и Русија нема да може да не направи Руси. Се обидуваше долго време, но нашиот јазик опстана, нашите традиции опстанаа и луѓето кои ги негуваат тие традиции и натаму егзистираат. Нема да дозволиме непријателот да го уништи тоа“, вели Фишек.

Војниците од бригадата користат украински против-тенковски ракетни системи како Скиф и Стугна. Од февруари 2022-ра, тие велат дека уништиле над 70 руски тенкови и оклопни возила.

XS
SM
MD
LG