Линкови за пристапност

Повеќе напади против американските сили го следат бранот американски воздушни напади


Милитантите поддржани од Иран на Блискиот Исток не беа спречени од американските напади во Ирак, Сирија и Јемен, изведувајќи три напади во Сирија и предизвикаа САД да извршат најмалку два напада за самоодбрана во Јемен.
Милитантите поддржани од Иран на Блискиот Исток не беа спречени од американските напади во Ирак, Сирија и Јемен, изведувајќи три напади во Сирија и предизвикаа САД да извршат најмалку два напада за самоодбрана во Јемен.

Бомбардерите Б-1 полетаа од САД за да погодат 85 милитантни цели поддржани од Иран во Ирак и Сирија како одговор на убиството на тројца американски војници.

„Нашите одговори не се целосни. Повторно, нема да телеграфирам или да дискутирам што може да биде тоа, освен дека ќе го спроведеме тоа во време и место по наш избор”, рече генерал-мајор Пет Рајдер, прес секретар на Пентагон.

Еден ден подоцна, САД и Обединетото Кралство нападнаа 36 цели на Хутите поддржани од Иран во Јемен.

Но, иранските платеници во Ирак, Сирија и Јемен се чини дека не ја добија пораката. Милитантите поддржани од Иран трипати ги нападнаа силите на САД и партнерите во Сирија во напад во близина на местото за поддршка на мисијата Грин вилиџ, каде се убиени шест партнери на Сириските демократски сили.

САД, исто така, уништија повеќе противбродски ракети во областите во Јемен контролирани од Хутите, кои беа подготвени да се лансираат на меѓународни бродски патеки по нападите на САД и Велика Британија.

„Ние не сме во војна со Хутите. Ние не сакаме да влеземе во војна со Хутите. Но, ако продолжат со нападите, ние ќе продолжиме да ги нарушуваме и деградираме нивните способности”, рече генерал-мајор Пет Рајдер.

Покрај повеќето напади од платениците на Иран, САД сега се вжештени од ирачките официјални лица кои не биле известени пред нападите и кои велат дека цивили биле убиени за време на американските напади што се случиле на нивна територија.

„Ирак, како и секоја земја во регионот, сфати дека ќе има одговор по смртта на нашите војници. Што се однесува до овој конкретен одговор, немаше претходно известување. Ги информиравме Ирачаните веднаш по нападите", изјави Ведант Пател, заменик портпарол на Стејт департментот.

Пентагон соопшти дека сè уште ги проценува жртвите од воените напади.

До денес, американските сили биле нападнати околу 170 пати во Ирак, Сирија и Јордан од средината на октомври, додека Хутите во Јемен ги нападнале меѓународните бродски патеки во Црвеното Море и Аденскиот Залив повеќе од 30 пати.

XS
SM
MD
LG