Линкови за пристапност

Сешнс сака да ја укине лабавата политика за марихуаната


Јавниот обвинител на САД, рече дека федералните обвинители ќе одредуваат колку агресивно ќе ја спроведуваат легислативата

Американскиот јавен обвинител Џеф Сешнс, ќе ја укине политиката на поранешниот претседател Барак Обама што нема толку остар однос при спроведувањето на федералните закони за марихуаната во сојузните држави каде нејзината употреба е легализирана.

Сешнс ќе им овозможи на федералните обвинители во тие држави да одредат колку агресивно ќе ги спроведуваат законите.

Ова очекувано соопштение доаѓа три дена откако продавниците за малопродажба на канабис во Калифорнија беа отворени за бизнис за прв пат, што најверојатно претставува најголемиот пазар за легална рекреативна марихуаната во светот.

Легализацијата на марихуаната за рекреативна употреба во Калифорнија, во седум други држави и во главниот град Вашингтон, може да ги ескалира тензиите меѓу државните и федералните служби одговорни за прашањето, а предводени од Сешнс, кој е противник на легализацијата. Јавниот обвинител ја споредува марихуаната со хероин и ја обвини нејзината употреба за нагло зголемување на насилството.

Употребата на марихуана за медицинска употреба е легална во 29 држави и во Вашингтон или округот Колумбија.

Националните избори покажаа дека поголемиот дел од Американците сега ја поддржуваат легализацијата на марихуаната, која се претвори во индустрија од повеќе милијарди долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG