Влажниот воздух на Мексиканскиот Залив би можел да доведе до одредено олеснување за пожарникарите кои се борат со шумски пожари во јужниот дел на американската сојузна држава Њу Мексико.
Повеќе од 500 објекти се оштетени или уништени во планинското село Руидосо, а најмалку едно лице загина, како последица на пожар.
Илјадници луѓе побегнаа, бидејќи ветерот ги прошири огнените јазици во заедницата од околу 7 000 жители, која во топлите месеци има туристи.
Националната метеоролошка служба соопшти дека влагата од тропскиот бран во Заливот денеска може да донесе дожд.