Линкови за пристапност

Претставничкиот дом ќе истражува дали Деџој ги прекршил законите за финасирање кампањи


Комисијата за надзор рече дека ако овие тврдења се точни, директорот на Поштите на САД би можел да се соочи со криминални обвиненија

Демократите од Претставничкиот дом велат дека ќе вршат истрага дали директорот на Поштите на САД Луј Деџој ги охрабрувал вработените во неговиот поранешен бизнис да донираат за републикански кандидати, а потоа им ги враќал парите преку бонуси, прекршувајќи ги на тој начин законите за финансирање камапњи, објави Асошиетед прес.

Весникот Вашингтон пост објави дека пет лица, кои работеле во поранешната компанија на Деџој, изјавиле оти Деџој или негови помошници, барале од нив да пишуваат чекови и да присуствуваат на настани за собирање донации на неговиот имот во Гринсборо, Северна Каролина. Двајца поранешни вработени кажале дека Деџој потоа им давал поголеми бонуси за да им ги врати парите за донациите.

Да се охрабруваат вработените да донираат за кандидати не е нелегално, но, нелегално е потоа да се обештетуваат за тоа.

Комисијата за надзор на Претставничкиот дом рече дека ако овие тврдења се точни, „Деџој би можел да се соочи со криминални обвиненија, не само за неговите постапки во Северна Каролина, туку и за лажење под заклетва пред Комисијата“.

Претседателот на САД Доналд Трамп во понеделникот изјави дека Деџој би требало да ја загуби работата, ако се откријат нерегуларности при финасирање кампањи.

Комисијата за надзор на Претставничкиот дом неодамна издаде и налог за обезбедување дополнителни документи, како дел од истрагата за доцнење на поштата, под раководство на Деџој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG