Изненадувачката вест дека Интернет-визионерот и сопственик на компанијата Амазон, Џеф Безос, го купил Вашингтон пост, еден од најпрестижните весници во земјата, ги потресе медиумите.
Објавувајќи дека го купил весникот за 250 милиони долари, Безос истакна дека се работи за личен чин што нема врска со Амазон или пак неговиот удел во компанијата.
Вашингтон пост се децении беше главна сила во американското новинарство, најпознат по наградената серија истражувачки стории во 1974-та што го обелоденија скандалот Вотергејт и доведоа до оставка на тогашниот претседател Ричард Никсон.
Њујорк тајмс, кој генерално се смета за најреспектираната новинска компанија, коментира дека цената за Вашингтон пост била речиси минимална, бидејќи компанијата на весникот, која е во семејна сопственост, би вредела милијади долари пред Интернет драматично да го смени текот на профитабилноста на печатените изданија.
Според Вашингтон пост, Безос ќе зеде и редица придружни изданија на весникот. Па сепак, во договорот за купувањето не се вклучени неколку Интернет и неновински претпријатија кои ќе останат под контрола на семејството Греам, главниот сопственик на компанијата последниве 80 години.
Интернет-конкуренцијата го намали тиражот на весниците во САД и го пресуши најголемиот извор на приход - од огласувачите.
Ејми Веб, која е стручњак за Интернет- медиуми, смета дека исто како што ја револуционизираше индустријата на издавање на книги, Безос би можел да го смени и начинот на информирање на Американците.
„Се работи за фундаменталното разбирање што тој го има за односот меѓу луѓето од една и информацијата и содржината од друга страна. Тој е човекот кој ни ги испорача електронските читачи. Тука не се работи само за продавање на содржина, туку за создавање на длабоко личен однос меѓу човекот и технологијата“, вели Веб.
Оваа извршна директорка на Вебмедиа го смета Безос за умен и трпелив инвеститор кој има визија за иднината. Според проценките, богатството на Безос изнесува преку 20 милијарди долари.
Објавувајќи ја веста за продажбата на компанијата Вашингтон пост, нејзиниот директор Доналд Греам вчера изјави дека преку новиот сопственик, подобро ќе се одговори на барањата на компанијата.
Интернет-страницата на Вашингтон пост го цитира Безос дека „вредноста на Пост не треба да се менува“ како и дека „ќе продолжи обврската на весникот кон читателите, а не кон приватните интереси на сопствениците“.
Безос ќе остане во Сиетл, каде е седиштето на Амазон, а дневните должности за весникот ќе ги делегира на раководните лица кои и досега се бавеа со тоа.