Линкови за пристапност

Последниот чартер лет од Израел ќе тргне утре, велат САД


Владата на САД на 13 октомври започна со чартер летови од Тел Авив до Атина за да им помогне на Американците да го напуштат Израел поради тековниот конфликт во регионот
Владата на САД на 13 октомври започна со чартер летови од Тел Авив до Атина за да им помогне на Американците да го напуштат Израел поради тековниот конфликт во регионот

Стејт департментот на САД соопшти дека последниот планиран чартер лет за да им помогне на Американците да го напуштат Израел ќе тргне утре од Тел Авив.

Владата на САД на 13 октомври започна со чартер летови од Тел Авив до Атина за да им помогне на Американците да го напуштат Израел поради тековниот конфликт во регионот.

Американските авиокомпании ги стопираа сите летови за Израел и претходно овој месец додадоа летови до Атина за да им помогнат на Американците да се вратат дома.

Сè уште има други ограничени меѓународни комерцијални летови достапни од Тел Авив, истакна Стејт департментот.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, денес, на брифинг со новинарите изјави дека американскиот чартер лет во неделата имал само пет патници.

„Тоа е чисто прашање на побарувачката... Постојано гледаме дека побарувачката за нашите чартер летови се намалува“, рече Милер, велејќи дека само околу 25 отсто од местата понудени на чартер летовите во САД се пополнети од Американци и роднини кои сакаат да го напуштат Израел.

Милер рече дека Стејт департментот, и покрај завршувањето на летовите, ќе продолжи да ја проценува ситуацијата и „дали околностите се менуваат на теренот и дали треба да направиме дополнителни аранжмани“.

XS
SM
MD
LG