Линкови за пристапност

После 15 години низ судови и апсења, мексикански новинар добил азил во САД


После толку долго чекање, толку многу фрустрации. Но, се чувствувам среќен. И пред сè, многу сум благодарен“, вели Гутиерез Сото.
После толку долго чекање, толку многу фрустрации. Но, се чувствувам среќен. И пред сè, многу сум благодарен“, вели Гутиерез Сото.

Новинарот побегнал со својот син на границата меѓу САД и Мексико во 2008 година по смртните закани поради неговото известување за корупција во мексиканската војска. Но, неговата одисеја до азило траела 15 години. Известува Алин Барос. 

Патешествие за азил во САД кое траело 15 години. Американскиот одбор за жалби за имиграција пресуди во корист на мексиканскиот новинар Емилио Гутиерез Сото.

„После толку долго чекање, толку многу фрустрации. Но, се чувствувам среќен. И пред сè, многу сум благодарен“, вели Гутиерез Сото.

Новинарот побегнал со својот син на границата меѓу САД и Мексико во 2008 година по смртните закани поради неговото известување за корупција во мексиканската војска.

Пристигнувајќи на влезното пристаниште во САД, тој побарал азил.

„И започна многу долга и неправедна одисеја во која тој двапати беше приведен и покрај тоа што не прекрши никакви закони. Така, ова беше голема борба за Националниот клуб на новинари и за голем број други организации за слобода на печатот“, вели Кети Кили од Универзитетот од Мисури.

На настанот во Вашингтон за да го истакне неговиот случај, Гутиерез е среќен, зборува со други новинари, но понекогаш ги задржува солзите додека им се заблагодарува на луѓето што му помогнале на овој пат.

Се чувствувам исклучително благодарен за моите адвокати и за новинарите
Гутиерез Сото

„Се чувствувам исклучително благодарен за моите адвокати и за новинарите“, рече Гутиерез Сото.

Застапниците за слободата на печатот и за првиот амандман велат дека патувањето на Гутиерез покажува систем на имиграција што треба да се промени.

И тие сакаат подобра заштита за новинарите кои мораат да дојдат во САД од безбедносни причини.

„Она на што повикуваме е повеќе западни демократии да го направат она што го направи Канада, а тоа е воведување специјална виза за активистите за човекови права, во која ќе бидат вклучени новинари кои се под закана поради оваа глобална војна против демократијата“, објаснува Кили.

Таквиот систем, вели Кети, ќе осигураме безбедност на новинарите и ќе им помогне да се вратат на работа.

„Бидејќи тоа е навистина најдобриот одговор за диктаторите. Можеби ќе можете да не` принудите на егзил, но нема да не` замолчите“, смета Кили.

Последниот чекор за Гутиерез Сото пред да добие зелена карта: да оди пред судија во март за официјално да ги добие документите за азил.

Активистите за слобода на печатот велат дека ќе бидат покрај Гутиерез Сото.

XS
SM
MD
LG