Линкови за пристапност

Заврши штрајкот на најголемото пристаниште во САД


Илјадници штрајкувачи од најголемиот пристанешен карго комплекс во земјата се враќаат на работа по договорот со управата.

Договорот за завршување на еднонеделниот прекин на работа во пристаништата во Лос Анџелес и Лонг Бич во Калифорнија беше објавен во вторникот вечер од градоначалникот на Лос Анџелес Антонио Вилараигоса. Двете страни гласале по договорот штом федералните посредувачи пристигнале од Вашингтон да помогнат во спорот.

Сал Чавез беше еден од околку 800 службенички работници кои престанаа со работа претходниот вторник, тврдејќи дека линиите за пратки сакаат да ги преместат работните места во странство:

„Работните места се осипуваат од земјата, и никој не прави ништо за тоа. Некој треба да излезе и да каже – треба да ги задржиме тие работни места во Америка. Тие припаѓаат на овој терминал. Припаѓаат овде.“

Но групата што ги претставува шпедитерите кажа дека тие само сакале да имаат право да вработуваат луѓе кои навистина им требаат.

Штрајкувале и околу 10.000 синдикални работници кои им се приклучиле на службениците. Десет од 14-те терминали за контејнери биле затворени, принудувајќи ги шпедитерите да вршат транспорт преку други пристаништа во Калифорнија и Мексико.
XS
SM
MD
LG