Линкови за пристапност

Федералните агенти употребија солзавец за разбивање на протестите во Портланд


Градоначалник се придружи на толпата која протестираше пред федералниот суд

Американските сојузни агенти употребија солзавец за разбивање на демонстрантите собрани пред сојузниот суд во Портланд, Орегон доцна во средата.

Демонстрантите во Портланд цели 56 дена по ред протестираa против полициското насилство, расната нееднаквост и неодамнешното распоредување на федерални сили во градот.

Градоначалникот Тед Вилер беше меѓу оние што стоеја пред оградата на судот кога агентите употребија солзавец.

Градоначалникот пристигна на протестот порано во текот на денот и се солидаризираше со толпата, но многумина тоа го отфрлија викајќи по него.

Критичарите го обвинија Вилер дека не успева да ги контролира полициските сили во градот, кои се заканија со употреба на сила со солзавец и апсења во средата навечер.

Други, вклучително и сопственици на бизниси, велат дека Вилер не успеал да ја стави ситуацијата под контрола.

Исто така во средата, јавниот обвинител на Орегон поднесе тужба во која ги обвинува федералните агенти за употреба на прекумерна сила и апсење на демонстрантите без причина. Федералните власти ја оспорија тужбата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG