Линкови за пристапност

Поранешниот кинески министер за надворешни работи Чин Ганг беше сменет по наводна афера, објави Волстрит журнал


Поранешниот министер за надворешни работи на Кина, Чин Ганг, кој беше сменет од својата позиција во јули, имал вонбрачна врска додека бил амбасадор во Обединетите нации, објави Волстрит журнал во вторникот, цитирајќи луѓе запознаени со брифингот.

Во извештајот се вели дека Чин соработува со истрагата, која сега е фокусирана на тоа дали аферата или однесувањето на Чин ја загрозиле националната безбедност на Кина.

На високи кинески функционери им беше кажано дека внатрешната истрага на Комунистичката партија открила дека Чин бил вклучен во аферата во текот на неговиот мандат како амбасадор на Кина во Обединетите нации, се вели во извештајот. Два извори изјавија за весникот дека аферата резултирала со раѓање на дете во САД.

За време на редовниот брифинг со новинарите во вторникот, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг беше прашан за написот и рече: „за назначувањето и смената на кинескиот министер за надворешни работи, кинеската страна објави информации претходно и јас не сум запознаен со другите информации“.

Чин беше сменет со ветеранот дипломат Ванг Ји во јули како министер за надворешни работи по мистериозното едномесечно отсуство од должностите едвај половина година од работата.

Тој беше главен претставник на Кина во Вашингтон од јули 2021 година до јануари оваа година.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG