Линкови за пристапност

Поранешни министри за надворешни работи: За улогата на САД во создавањето независна македонска држава


Американците со сигурност се главен адут, кој го имаме во моментот, вели поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски
Американците со сигурност се главен адут, кој го имаме во моментот, вели поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски

Американците сигурно беа првите кои обезбедија Македонија да не биде жртва на некоја големо-државна политика на некој од соседите и со сигурност ги обесхрабрија сите такви обиди и тенденции, вели поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски во изјава за Гласот на Америка

Улогата на официјален Вашингтон, во создавањето на независна македонска држава, гледано од денешен аспект е повеќе од значајна, вели за Гласот на Америка, поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Иако вели тој македонското прашање сигурно не било едно од најважните во американската надворешна политика тогаш.

„Но факт е дека и во моментот на независноста, а и денес направиле толку колку што ни требало за да продолжиме по патот на независноста. Доколку во моментот на прогласувањето на независноста ѝли во текот на деведесетите најбитни проблеми и закани доаѓаа од безбедносен карактер во тој случај Американците сигурно беа првите кои обезбедија, Македонија да не биде жртва на некоја големо-државна политика на некој од соседите и со сигурност ги обесхрабрија сите такви обиди и тенденции што нам ни обезбеди да се стабилизираме како држава и да се етаблираме“, вели Попоски.

Поранешниот заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, вели дека САД се стартешки партнер од самиот почеток, односно од осамостојувањето и признавањето на државата, па до ден денес, односно до потпишувањето на Стратешкиот дијалог.

Во сите политички моменти за нашата држава сме ја имале подршката од еден од нашите стратешки партнери и соработници, а тоа се САД
Андреј Жерновски

„Ако погледнеме назад и направиме една реална анализа на сите случувања од денот на независноста па се до денешниот ден ќе ни стане сосема јасно дека во сите политички моменти за нашата држава сме ја имале подршката од еден од нашите стратешки партнери и соработници, а тоа се САД“, вели Жерновски.

И двајцата сметаат дека САД со сигурност ќе играат важна улога и во иднината на Северна Македонија.

Попоски вели дека САД денес од било кога во минатото, е првиот подржувач на проширувањето на ЕУ со балканските земји, вклучително и со земјава.

„Звучи малку парадоксално, но најголемите европски земји се во криза и немаат голем апетит за дополнителни проширувања, особено после излегувањето на Велика Британија. Така што Американците го преземаат тој пристап, и можеби во некои моменти доколку не се тие кои туркаат кај своите европски партнери да биде проширувањето на агенда, притисокот внатре во ЕУ би бил за што е можно поголемо одлагање и не давање на фиксни датуми за моментот на проширување. Од тој аспект Американците со сигурност се главен адут, кој го имаме во моментот“, вели Попоски.

Американците со сигурност се главен адут, кој го имаме во моментот
Никола Попоски

Жерновски пак очекува дека соработката меѓу двете држави допрва ќе се интензивира.

„Од проста причина што нас допрва ни престои битка со низа на предизвици и добро е што тука ја имаме подршката од САД. Тука мислам пред се на зајакнување на нашата мултиетничка демократија. Многу битен момент е и борбата против корупцијата за што САД има посебна програма и издвојува средства како подршка. Потоа инвестициите и во инфраструктурата“, смета Жерновски.

Овде е и огромната подршката и лобирање на САД за интеграција на земјава кон ЕУ, додава Жерновски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG