Линкови за пристапност

Поранешен вработен во американскиот конзулат е обвинет за шпионирање, соопшти Русија


In this handout photo taken from video released by Lefortovo District Court, Robert Shonov walks to the court room
In this handout photo taken from video released by Lefortovo District Court, Robert Shonov walks to the court room

Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека поранешен вработен во американскиот конзултат во Владивосток е обвинет дека наводно собирал информации за војната во Украина и протестите во Русија во име на САД.

Во соопштението на ФСБ се вели дека Роберт Шонов собирал информации од септември 2022 година, вклучително и за воената кампања на Русија за регрутирање.

Во мај, Стејт департментот на САД го осуди пријавеното апсење на Шонов, велејќи дека обвинувањата против него се „целосно неосновани“.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, во изјавата рече дека Шонов работел во конзулатот повеќе од 25 години пред да биде вработен во надворешна агенција која обезбедувала услуги за Амбасадата на САД во Москва.

„Единствената улога на господинот Шонов во моментот на неговото апсење беше да собира медиумски резимеа на написите од печатот од јавно достапни руски медиумски извори“, рече Милер.

„Неговото таргетирање според статутот за ‘доверлива соработка’ ја нагласува бесрамната употреба на сè порепресивни закони од страна на Руската Федерација против нејзините граѓани.“

Украинската војска во понеделникот соопшти за руски ракетни напади во текот на ноќта, додека Русија рече дека Украина користела неколку беспилотни летала и таргетирала руска територија.

Украинскиот воен генералштаб соопшти дека противвоздушната одбрана уништила две руски крстосувачки ракети и две наведувани ракети, но дека бил погоден цивилен индустриски објект во регионот Полтава.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак на Телеграм изјави дека во нападот во Полтава загинале две лица во фабрика за растително масло. Дмитро Лунин, регионалниот гувернер, рече дека уште две лица биле пренесени во болница со полесни повреди.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар во понеделникот изјави дека украинските војници го ослободиле градот Роботин. Областа беше место на борби во регионот Запорожје додека Украина се обидува да ја врати територијата во контраофанзива.

Руското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека соборило украинско беспилотно летало во областа Љуберци, југоисточно од Москва.

Со оглед на другите неодамнешни напади со беспилотни летала во близина на руската престолнина, летовите на аеродромите во регионот беа привремено прекинати.

Русија, исто така, објави дека уништила два украински беспилотни летала над регионот Брјанск, кој граничи со Украина.

Дел од информациите доаѓаат од Асошиетед прес, Франс – прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG