Линкови за пристапност

Поранешен американски дипломат ќе признае дека шпионирал за Куба


Виктор Мануел Роча, поранешен американски амбасадор во Боливија, обвинет за шпионирање за Куба четириесет години, ќе се изјасни за виновен.

Рока на предпрес рочиштето му рече на судијата дека сака да го смени ставот за вината - бидејќи пред две седници се изјасни за невин по обвиненијата дека дејствувал како агент на странска влада како дел од заговор.

Судијата Бет Блум го одреди 12 април како формален датум кога Рока ќе може формално да го промени ставот што го искажа за својата вина.

Тој беше уапсен во декември 2023 година, а потоа беше осомничен дека е агент кој најдолг временски период се инфилтрирал во владата на Соединетите држави“.

Роча, натурализиран американски државјанин со потекло од Колумбија, според властите, станал активен како агент на кубанската генерална разузнавачка управа во 1981 година. Тој бил активен до неговото апсење, според американските власти.

Во кривичната пријава против него се опишани повеќекратни средби со агент на Федералното истражно биро (ФБИ) кој се претставувал како кубански агент. Беше снимено дека Рока зборува пофално за починатиот кубански лидер Фидел Кастро, изразувајќи ја неговата лична припадност кон Куба.

Тој, исто така, призна дека во 2016 или 2017 година се сретнал со претставници на Генералната разузнавачка управа на Куба.

Должноста на Виктор Мануел Роча во Стејт департментот започна во 1981 година и како дипломат од кариера беше назначен во Хавана, Буенос Аирес, Мексико Сити, Доминиканската Република и Вашингтон.

Од 1994 до 1995 година, тој беше член на Националниот совет за безбедност во администрацијата на претседателот Бил Клинтон. Тој служеше како амбасадор во Боливија од 2000 до 2002 година. Тој беше и советник на американската воена команда задолжена за Куба.

Најмалку уште двајца Американци беа уапсени за оддавање тајни и шпионирање за Куба: брачната двојка Кендал и Гвендолин Мајерс.

Во 2009 година беа уапсени и обвинети дека работеле за Куба речиси 30 години.

Кендал Мајерс е осуден на доживотен затвор, а неговата сопруга на шест и пол години затвор.

XS
SM
MD
LG