ОН на цифрата од седум милијарди гледаат како на знак дека луѓето живеат подолго и дека е подобрена стапката на преживување при раѓање.
Еден од авторите на извештајот од Фондот за население на ОН, Ричард Колоџ, вели дека многу држави со ниски примања на суб-Сахарска Африка виделе растеж на популацијата што ја надминува стапката на економски растеж.
Азиската популација од 4,2 милијарди го прави овој најнаселен регион.
Населението на Африка се очекува да се зголеми за три пати, на 3,6 милијарди луѓе, до почетокот на следниот век.
Стапките на природен прираст во многу европски држави и во Јапонија паднаа под стапките на проста репродукција, предизвикувајќи загриженост дека недостигот на труд и продуктивност може да биде закана за квалитетот на живот.