Смит е најчестото презиме во САД, по што следат Џонсон, Милер, Џонс, Вилијамс и Андерсон велат од компанијата за генеалогија, Ancestry.com.
Заедничко за најчестите презимиња во САД е што сите имаат англиски, шкотски, ирски или велшки корени.
Во Англија се` до 1066-та година не биле користени презимиња. Но, поради порастот на населението тоа станало неопходно. Презимето доаѓало од името на таткото, или според занимањето. Понекогаш бил користен дури и прекарот.
Името Смит најверојатно произлегува од ковачкиот занает. Презимето Робертсон најверојатно значи син на Роберт.
Во зависност од сојузната држава, може да одредите кое презиме е најпопуларно.
Во северозападниот дел на САД поголема е веројатноста да сретнете некого чие презиме е Андерсон, додека на Источниот брег, презимето Браун е почесто.
На американскиот југозапад, во сојузните држави Тексас, Калифорнија, Ново Мексико и Аризона каде има поголема латино - американска популација, почести се презимињата Гарсија, Хернандез, Мартинез и Чавез.
Во периодот помеѓу 2000 и 2010-та година се зголемил бројот на 50-те најчести презимиња во САД, со исклучок на презимето Хол.
Презимињата кои имале најголем скок во популарноста се од шпанско потекло: Хернандез, Рамирез и Родригез.
Според „Вол стрит“ виетнамското презиме Нгуен исто така забележало големо скок во популарноста.