Линкови за пристапност

Обама на прва средба со папата Францис


Белата куќа вели дека фокус на средбата во Ватикан ќе биде определбата на двајцата лидери за борбата против „растечката нееднаквост.“

Американскиот претседател Барак Обама е во Ватикан за неговата прва средба со папата Францис, фокусирана на, како што кажа Белата куќа, „заедничката определба“ на двајцата лидери за борбата против „растечката нееднаквост.“

Новинските медиуми известуваат дека Обама може да ја искористи посетата кај папата да ја зајакне својата економска агенда дома. Но, несогласувањето во врска со прашања како абортус и контрацепција во законот за здравствена заштита на Обама може исто така да биде покренато.

Разговорите се случуваат за време на патувањето во Европа на кое американскиот лидер во голема мерка се фокусираше на конфликтот меѓу Украина и Русија.

Американскиот државен секретар Џон Кери и други официјални лица го придружуваат Обама во Ватикан. Обама и првата дама Мишел Обама се сретнаа со претходниот папа, Бенедикт, во Ватикан, во јули 2009-та.

За веме на престојот во Италија, американскиот претседател исто така ќе има разговори со италијанските лидери. Руската анексија на Крим од Украина најверојатно ќе биде голем дел од дискусиите.
XS
SM
MD
LG