Линкови за пристапност

Папата Францис ќе се посвети на обновување на црквата


Бискупот Патрик Дејл, генерален секретар на Комисијата на бискупската конференција на Европската унија го коментира изборот на новиот папа

Во Европа се големи надежите дека новиот папа Францис ќе придонесе за подобрување на имиџот на католичката црква како и за нејзината улога во христијанскиот свет. Според бискупот Патрик Дејл, генерален секретар на Комисијата на бискупската конференција на Европската унија, самиот избор на името на новиот папа упатува на таква надеж.

„Мислам дека папата го избра своето папско име според Сан Франческо, патронот на Италија познат по неговата визија забележана во црквата Свети Дамјан. Неговата мисија била да ја поправи црквата и тоа го правел во секоја смисла, духовна и физичка. Папата Францис го почувстувал тој повик да ја поправи состојбата во денешната црква”, вели бискупот Патрик Дејл.

Генералниот секретар на Комисијата на бискупската конференција на ЕУ во својата изјава нагласи дека папата Францис ќе направи многу за поттикнување на молитвата, духовната предаденост и за развивање на црквата како активен чинител и пример во општеството.

„Нашата Конференција работи со европските институции со цел да создадеме отворено и праведно општество кое го карактеризираат солидарноста и праведноста и решителност за создавање на подобар свет. Папата Францис како и другите Језуити се карактеризира со интелектуалност и понизност“, вели бискупот.

“Нивниот патрон беше скромен човек и тој карактер го почуствував и кај новиот папа. Тој со молитва, аскетизам и посветеност ќе донесе нов импулс во христијанското живеење”, вели бискупот Патрик Дејл, генерален секретар на Комисијата на бискупската конфереција на ЕУ.
XS
SM
MD
LG