Нововостоличениот папа Францис ги повика верниците да ги заштитат децата и старите лица, како и црквата и останатиот дел на креацијата, во неговата инаугуративна проповед на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
Папата Францис ја пренесе пораката на италијански јазик, во вторник, под јасно сино небо, зборувајќи пред околу 150.000 присутни, меѓу кои политички лидери од 130 нации и претставници на различни религии.
Меѓу угледните гости е спиритуалниот лидер на православните Христијани, Бартоломеј. Тој е првиот патријарх од црквата со седиште во Истанбул кој бил сведок на инаугурација на папа откако двете гранки на Христијанството се поделиле, пред близу 1.000 години.
Порано во вторник, папата Францис направи круг околу плоштадот во отворено возило за да ги поздрави верниците собрани таму во негова чест. Многумина држеа транспаренти со зборови на поддршка за новиот лидер на нивната црква. Новиот папа застана неколку пати да благослови мали деца, и во еден случај хендикепирано лице.
Папата Францис потоа го прими церемонијалниот прстен и волнен шал што му се дава на секој папа да го претставува првиот папа – Свети Петар – и заповедта дека папата е во улога на духовен водач на Римокатоличката заедница што сега брои околу 1,2 милијарди.