Линкови за пристапност

Папството на Бенедикт 16-ти заврши


Oдлуката на папата Бенедикт да замине од власт е невообичаена, но не е преседан.

Папата Бенедикт 16-ти даде оставка, отварајќи пат за Колеџот на кардинали да се состанe во конклава за да избере нов папа. Иако одлуката на папата Бенедикт да замине од власт е невообичаена, таа не е без преседан.

Експерти велат дека има десетина папи кои дале оставка во историјата на Римокатоличката црква. Пред Бенедикт, последниот бил папата Грегори 12-ти кој тоа го сторил пред 600 години.

Црковниот историчар Крис Белито вели дека тоа било во време на најголемата институционална криза за Католичката црква, кога имало три папи – еден во Рим, друг во Авињон, Франција, и трет кој главно патувал низ северна Италија.

„И тоа не се само три папи, туку и три папства, три калеџи на кардинали. Проблемот го решил совет кој одлучил да отпушти двајца. Но Грегори бил тој што метафорички паднал од својот меч, зашто знаел дека таа формула, отпушти двајца – задржи еден нема да функционира, и решил да си даде оставка, со согласување да не се кандидира за папа на следната конклава“, вели Белито.

Најпознатиот папа кој доброволно дал оставка бил Селестин 5-ти, кој во 13-от век пред да стане папа, бил испосник кој живеел во централна Италија.

Професорот по теологија Џорџ Ферзоко вели дека тој бил компромисен избор бидејќи кардиналите не можеле да се договорат кој да биде папа.

„Мора да било глетка – кардиналите со својата свита доаѓаат до неговото место на испосништво и му велат – ти ќе бидеш папа. Тоа нема паралела во историјата на папството“.

Но неговото папство имало краток век.

„Бил избран во јули 1294 и до декември бил готов – лошо ја водел работата, и ја мразел секоја секунда од тоа. Второто го натерало да донесе закон дека е во ред папата да даде оставка под одредени околности – и следниот ден си дал оставка. Тоа било на 13-ти септември 1294.“

Последната година ипол од неговиот живот бил во куќен притвор во замокот на неговиот наследник. Умрел на 19 мај 1296 и неговите останки се во стаклен ковчег во базилика во градот Лакила.

Повеќе од 700 години подоцна, во април 2009, папата Бенедикт го посетил градот кој бил погоден од опустошувачки земјотрес. Ковчегот на Селестин не бил оштетен.

„По молитвата кај ковчегот, Бенедикт направил нешто што веројатно му било на памет“; вели Ферзоко. „Во симболичен гест го симнал шалот од вратот, палиум, кој се смета за индикатор на моќта на папата, и го ставил на ковчегот. Го оставил таму.“

Ферзоко вели дека веројатно не е коинциденција оставката на Бенедикт на иста возраст како Селестин.

Бенедикт наредните неколку месеци ќе престојува во летната резиденција, а потоа ќе се врати во Ватикан, во конвент што е реновиран за таа намена.
XS
SM
MD
LG