Линкови за пристапност

Скандал во Ватикан


Нов скандал се заканува да фрли сенка на последните денови на папата Бенедикт на чело на црквата и на подготовките за избирање на негов наследник.

Во еден од последните акти на функцијата, папата Бенедикт го промени Уставот на Ватикан, елиминирајќи го периодот од 15 дена чекање пред кардиналите да можат да ги започнат средбите за избор на нов папа. Но промената доаѓа истиот ден кога папата ја прифатил оставката на највисокиот британски римокатолички свештеник.

Портпарол на Ватикан, отецот Федерико Ломбарди, ја потврди оставката за време на прес-конференцијата во Ватикан Сити.

Кардиналот Кит О`Браен требало да замине во пензија следниот месец, кога ќе наполни 75 години, но дошол под истрага по наводи за непримерни контакти со тројца свештеници и поранешен свештеник во 1980-те. О`Браен во понеделник кажал дека ќе се жали на наводите но дека нема да учествува во претстојната конклава за избор на нов папа.
XS
SM
MD
LG