Линкови за пристапност

Папата Францис ја продолжува историската посета на САД


Денеска се обрати пред обата дома на Конгресот

Папата Францис се обрати пред обата дома на Конгресот, а вчера ја одржа првата миса на американско тло пред Базиликата на Националниот храм во Вашингтон.

Лидерот на Римокатоличата црква ја изврши и првата канонизација на американско тло на шпанскиот мисионер Џуниперо Сера, којшто го проширил зборот за црквата, на територија што сега е Калифорнија.

„Џуниперо се бореше за одбрана на достоинството на домородната заедница, да ги заштити оние кои биле малтретирани и злоставувани. Малтретирањето и злото не` загрижуваат, особено поради болката што ја предизвикуваат во животите на многумина“, истакна Папата Францис.

XS
SM
MD
LG