Линкови за пристапност

Бенедикт првиот папа кој дал оставка последниве 600-тина години


Во изјавата наведува дека силата му попуштила до тој степен што веќе не може адекватно да ја исполнува службата.

Папата Бенедикт XVI-ти најави дека ќе се повлече, со што стана првиот поглавар на Католичката црква последниве 600-тина години кој го сторил тоа.

Папата ја соопштил одлуката дека ќе замине на 28-ми февруари на денешната средба со кардиналите, соопшти портпарол на Ватикан. Папата во изјавата за повлекувањето наведува дека „повеќепати ја преиспитал“ својата совест за ваквата одлука. Вели дека се одлучил на ваков чекор затоа што неговата сила последниве неколку месеци попуштила „до тој степен што морав да ја признам мојата неспособност адекватно да ја исполнувам службата што ми беше доверена“.

Новиот папа ќе биде избран на собир на кардиналите. Оставката на Бенедикт отвора ретка можност кога новиот папа ќе биде назначен, неговиот претходник да биде до него на церемонијата.

Роденото име на папата Бенедикт е Јозеф Рацингер. Роден е на 16-ти април 1927-ма во Германија. Станал свештеник 1951-вата, а кардинал 1977-мата. За папа беше избран 2005-тата.
XS
SM
MD
LG