Линкови за пристапност

Папата Францис промовира апликација за молитва


Во време кога папата Францис се подготвува да се сретне со десетици илјади млади луѓе од целиот свет за време на Светскиот ден на младите кој се одржува неделава, тој се обиде да се поврзе со нив преку платформа која лесно ќе ја разберат: интернетот.

За време на неделната молитва во Ватикан, папата Францис го отвори својот кориснички профил „Кликни за молитва“ - официјална апликација на Ватиканската глобална молитвена мрежа.

Папата на верниците на плоштадот Свети Петар им кажа дека социјалните мрежи се начин „за споделување на вредности ... и можноста да ја искажат желбата за формирање заедница.“

На пример, рече тој, апликацијата ќе им овозможи на младите да му се придружат во молитвата за тагување заради двата немили настани кои се случија неделава: 170 мигранти се удавија во Средоземното Море и 21 лице загина во терористички напад во Колумбија.

Тој, исто така, побара од сите католици да се молат за младинскиот настан, кој се одржува од 22-ри до 27-ми јануари.

Светскиот ден на младите го започна папата Јован Павле Втори во 1985-та година, и се одржува во различни градови низ светот, на секои две до три години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG