Букмејкери од неколку земји преку Интернет-страници понудија обложување за тоа кој ќе биде новиот папа. Според некои од нив, италијанскиот кардинал Анџело Скола има најголеми шанси да застане на чело на 1,2-те милијарди католици во светот. Страницата Педи пауер смета дека неговите шанси се 11:4.
Кардиналот од Гана Петер Турксон исто така е близу врвот, заедно со колегите Одило Шерер од Бразил и Марк Улет од Канада.
Илјадници луѓе веќе типуваа, а исходот може да донесе награда од повеќе милиони долари.
Црквата не гледа благонаклонето на обложувањето. Во САД, обложувањето на се` она што во основа претставува избори е против законот.
Оболожувањето на фаворитите не значи и сигурна добивка, судејќи според претходниот избор на папа. Како што наведува агенцијата Религиски новински сервис, кардиналот Јозеф Рацингер, кој подоцна стана папа, не бил во првите 10 кандидати на обложувалниците. Неговите шанси се проценувале на 20:1.