Линкови за пристапност

Нови коментари на папата за хомосексуалноста


Папата вели дека оние што се инволвирани во хомескусално однесување не треба да се приклучат во црковниот живот, каде се бара заклетва за целибат

Папата Францис кажа дека нема место за хомосексуалноста во црковниот живот и кај свештенството.

Во интервју со шпанскиот свештеник Фернандо Прадо минатиот август, папата рече дека „хомосексуалноста е многу сериозно прашање и мора адекватно да се адресира со кандидатите уште на самиот почеток“.

Римската католичка црква проповеда дека хомосексуалната тендеција сама по себе не е грев, но, сексуалниот чин меѓу лица со ист пол е.

Папата додаде дека оние што се инволвирани во хомескусално однесување не треба да се приклучат во црковниот живот, каде се бара заклетва за целибат.

Не е во ред, вели папата, светите луѓе на Господ да живеат двоен живот.

Во интервју за новата книга „Цврстината на вокацијата: Црковниот живот денес“ објавена оваа недела, папата вели дека изгледа оти хомескуалноста сега е во тренд, и дека на некој начин се одразува врз црковниот живот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG