Папата Францис се сретна со цивилната лидерка на Мјанмар, Ан Сан Су Чи, еден ден откако воениот лидер на државата рече дека му соопштил на папата дека во Мјанмар нема „религиозна дискриминација“.
Обединетите нации и САД ја обвинија војската на Мјанмар за спроведување на „етничко чистење“ врз муслиманското малцинство Рохинга, а добитничката на Нобеловата награда за мир, Ан Сан Су Чи се соочува со критики за нејзиниот одговор на кризата.
„Не можеме да кажеме дали се случило или не“, изјави таа минатата недела. „Одговорност на владата е да осигура дека тоа нема да се случи.“
Папата Францис на почетокот на посетата на Мјанмар се состана со воениот командант, генерал Мин Аунг Хлаинг на разговори за насилството кое принуди 620.000 лица од етничката група Рохинга да пребегаат во соседен Бангладеш.
Facebook Forum