СКОПЈЕ —
Владата денеска информираше дека Папата Францис на 7-ми мај идната година, на покана на Македонија, за првпат ќе ја посети земјава.
Предвидено е папата да допатува во Македонија од Бугарија, каде ќе ги посети Софија и градот Раковски.
„Папата Францис, прифаќајќи ја поканата на земјава, ќе оствари апостолско патување на 7 мај 2019, при што ќе го посети Скопје, родниот град на Мајка Тереза. Другите детали од неговата посета дополнително ќе ги добиете. Претходно, папата ќе ја посети Бугарија“, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.
Facebook Forum