Линкови за пристапност

Папата Францис побара ефикасни мерки против педофилијата


Скандалот со сексуална злоупотреба во кој се вклучени свештеници ја потресе Католичката црква ширум светот

Папата Фрaнцис е домаќин на Самит во Ватикан посветен на борба против сексуалната злоупотреба на деца.

На отворањето на Самитот тој денес истакна дека Католичката црква мора да преземе конкретни чекори за справување со педофилијата.

„Светиот народ гледа и чека не едноставни и очигледни осуди, туку конкретни и ефикасни мерки“, рече тој.

Пред неколку дена Ватикан соопшти дека поранешниот американски кардинал Теодор Мекарик, обвинет за сексуална злоупотреба, вклучително и на деца, е разрешен од редовите на свештенството на Римокатоличката црква.

Скандалот со сексуална злоупотреба во кој се вклучени свештеници ја потресе Католичката црква ширум светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG