Линкови за пристапност

Папата се изјасни: Доста поплаки


Папата Фрaнцис се изјасни што мисли за луѓето кои постојано се жалат, поставувајќи знак со натпис на вратата на неговата резиденција во Ватикан: „Доста поплаки“

Црвено-белиот знак е испишан на италијански јазик, и на него понатаму стои: „прекршителите имаат синдром, чувството дека секогаш се жртви и последователно намалување на чувството за хумор и капацитет за разрешување на проблеми“.

Знакот неодамна му беше даден на папата од страна на италијанскиот психолог Салво Ное. Папата Францис му вети на Ное дека ќе го стави натписот во неговата канцеларија, да служи како шега.

Неговите политики и ставови наидуваат на неодобрување кај конзервативците, од почетокот на неговиот избор за папа, од 2013-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG