Папата Францис им се обрати на 1,3 милијарди католици во светот, велејќи дека славањето на раѓањето на Исус Христос е потсетник за граѓаните дека господ продолужува да ги сака сите, дури и најлошите.
Папата одржа празнична миса за божиќната вечера во базиликата „Свети Петар“, на која присуствуваа илјадници луѓе, додека стотици други ја следеа однадвор на големи екрани.
„Господ не ве сака затоа што вие мислите или делувате на исправен начин. Тој едноставно ве сака безусловно. Тоа не зависи од вас“, рече папата.
Тој, исто така, ги спомена децениските долги сексуални скандали меѓу свештениците, како и финансиските нерегуларности околу Ватикан.
Тој денес од терасата на базиликата одржува божиќен говор за илјадници посетители собрани на плоштадот.
Facebook Forum