Линкови за пристапност

Папата во Обединетите Арапски Емирати на конференција за меѓуверски дијалог


Ова е прва посета од папа на Арапскиот Полуостров од каде потекнува Исламот

Папата Францис е во Обединетите Арапски Емирати по повод одржувањето на конференција за меѓуверски дијалог.

Ова е прва посета од римокатолички папа на Арапскиот Полуостров од каде потекнува Исламот.

Францис и Ахмед ел-Таиб, главниот имам на египетскиот Ал-Азхар, денес ќе зборуваат на состанок, на кој ќе присуствуваат муслимани, христијани и стотици еврејски, хиндуистички, будистички и други верски лидери.

Конференцијата и посетата на папата се дел од одбележување на „Година на толеранција“ на Емиратите, како и дел од напорите да се покаже отвореност кон други религии.

Папата Францис утре ќе одржи литургија во Абу Даби пред да се врати во Рим.

Се очекува да присуствуваат околу 135.000 луѓе, што според многумина ќе биде најголемата јавна христијанска литургија на Арапскиот Полуостров.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG