Линкови за пристапност

Папата Фрањо им дозволи на свештениците да простуваат абортус


Мерката, која првично беше воведена само за Светата година на миросрдието, сега е продолжена засекогаш

Папата Фрањо им ја продолжи дозволата на сите свештеници на Римокатоличката црква да простуваат абортус, се вели во писмото објавено денес.

Мерката, која првично беше воведена само за Светата година на миросрдието, сега е продолжена засекогаш.

„Отсега натаму, им дозволувам на сите свештеници да можат да им простат на сите оние што направиле грев со извршување абортус“, напиша папата во неговото апостолско писмо.

Правото да простуваат абортус првично беше резервирано само за бискупите или за специјални исповедници.

Папата нагласи дека „абортусот е сериозен грев со тоа што се става крај на невин живот“, но, додаде дека „ нема грев кој господовото милосрдие не може да го избрише, ако покајникот бара да се обедини со Господ“.

XS
SM
MD
LG