Линкови за пристапност

Тој ги повика новинарите да го вратат достоинството на професијата

Папата Францис ги осуди лажните вести, нарекувајќи ги зло, и ги повика новинарите да го вратат „достоинството на новинарството“, објавувајќи ја вистината.

„Ширењето лажни вести може да им служи на специфични цели, економски интереси, како и да влијае врз политичките одлуки“, напиша папата во годишната порака, која беше објавена денес, во пресрет на Светскиот ден на комуникациите на Римокатоличката црква, кој се одбележува на 13-ти мај.

Ова е прв документ на папата, кој се однесува на оваа тема, и доаѓа месеци откако почна дебатата за влијанието на лажните вести врз претседателските избори во САД во 2016-та година

Папата нагласи дека граѓаните се соочуваат со потешкотии да ги разграничат неточните информации од вистината, како резултат на недоволната изложеност на медиуми, кои нудат различни мислења и перспективи.

Францис ги повика новинарите да објавуваат информации, кои се „веродостојни и кои се спротивставуваат на лаги, реторички слогани и сензационалистички наслови“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG