Линкови за пристапност

Папата Францис повика на мир за Божиќ


Во божиќната честитка, тој се фокусираше на Ерусалим, Корејскиот Полуостров, како и на децата кои страдаат во конфликти низ целиот свет

Папата Францис им го честита Божиќ на верниците, повикувајќи на мир за Ерусалим и заедничка доверба за Корејскиот Полуостров, фокусирајќи се и на децата кои страдаат во конфликти низ целиот свет.

Тој ја испрати божиќната честитка од балконот на папската базилика „Свети Петар“, упатувајќи ја до Светиот град – Ватикан, и до целиот свет.

Францис ги адресираше „растечките тензии меѓу Израелците и Палестинците, изразувајќи ја неговата надеж дека „желбата за продолжување на дијалогот ќе преовлада кај двете страни, и оти конечно ќе се постигне решение, кое ќе овозможи соживот на двете држави“.

„Ајде да се молиме да се надмине конфликтот на Корејскиот Полуостров, како и за меѓусебна доверба, која ќе биде во интерес на целиот свет“, рече папата Францис.

Тој, на вчерашната Божиќна миса во базиликата „Свети Петар“, на која присуствуваа околу 10.000 луѓе, ги бранеше мигрантите, споредувајќи ги со Марија и Јосиф, кои не можеле да најдат место да останат во Витлеем, повикувајќи дека верата предвидува да се прифаќаат странските државјани.

Папата ги повика повеќето од 1.2 милијарда католици во светот, да не ги игнорираат мигрантите, кои се принудени да ја напуштат нивната земја, поради желбата на лидерите да пролеваат „невина крв“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG