Папата Францис го одби предлогот да дозволи женети мажи да бидат ракоположени во некои делови на Амазонија, со цел да се олесни проблемот со недостиг на свештеници, објави Ројтерс.
Ваквиот предлог дојде минатата година од бископи од Латинска Америка, и предизвика реакции кај 1.3 милијарди членови на Римокатоличката црква, кои стравуваа дека би можело да дојде до промена на вековната заложба за целибат на свештениците.
Папата излезе со ваков одговор три месеци откако предлогот помина со 128 наспроти 41 глас на Собрание во Ватикан.
Конзервативците стравуваа дека ако Францис го прифатеше предлогот, други региони кои имаат проблем со недостиг на свешетници, ќе излезат со исто барање, вклучувајќи ги и развиените држави, како Германија, каде за овој проблем веќе беше покрената дебата.
Facebook Forum