Линкови за пристапност

Во Ватикан започна самит за борба против сексуалната злоупотреба


Папата истакна дека Католичката црква мора да преземе конкретни чекори за справување со педофилијата

Папата Фрaнцис е домаќин на самит во Ватикан посветен на борба против сексуалната злоупотреба на деца.

На отворањето на самитот денеска папата истакна дека Католичката црква мора да преземе конкретни чекори за справување со педофилијата.

„Светиот народ Божји гледа и чека не едноставни и очигледни осуди, туку конкретни и ефикасни мерки.“

Пред неколку дена Ватикан соопшти дека поранешниот американски кардинал Теодор МекКарик, обвинет за сексуална злоупотреба, вклучително и на деца, е разрешен од редовите на свештенството на Римокатоличката црква.

Скандалот со сексуална злоупотреба во кој се вклучени свештеници ја потресе Католичката црква ширум светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG